(ВИДЕО) Д-р Агаи: Трансплантацијата на органи може да спаси живот ако имаме големо срце да му помогнеме некому

by irena 14:31
14:31

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видео-обраќање изразува поддршка за оваа племенита акција.

– Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многупати успеваме во тоа, но, понекогаш болеста е посилна од нас, посилна од нашите можности. Со тоа што завршува животот, може да отпочне еден нов живот, доколку дадеме шанса на проектот за трансплантација на органи – смета д-р Агаи.

Директорот на Неврохирургија апелира дека овој хуман чин на трансплантација на органи, може да спаси нов живот, доколку имаме доволно информации и доколку имаме големо срце да му помогнеме на некого.

Слични вести