132
Во скопската општина Карпош денеска свечено беше пуштен во употреба пливачки базен.
На отворањето покрај премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, не беше присутен градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, туку него го менуваше заменикот градоначалник Неделчо Крстевски.
Лукровски официјално е на боледување, па токму во врска со неговото боледување, на новинарско прашање, премиерот Мицкоски рече дека тоа се лични моменти што нема да ги коментира.
„Тоа се лични моменти и не би сакал да коментирам и ги осудувам сите оние политички глодари кои што на туѓата мака се обидуваат да добијат политички поени“ – изјави премиерот.