151
СДСМ не може да го загуби епитетот на државотворна партија, уште во бившата држава, учествуваме како партија на носење на првиот Устав, Охридскиот рамковен договор, почетокот на преговори со ЕУ, договорот од Нивице како почеток на заштитничкиот чекор од НАТО, вели за „Трилинг“ лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче не гледа разлика помеѓу Груевски и Мицкоски.
-Иста организирана криминална група. Луѓе коишто го зграпчија државниот буџет. Излажаа дека ќе се борат за националните интереси, дека ќе го вратат името, дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија. А што направија? Ништо! – вели тој.