19,5K
„Се укинува функцијата потпретседател во партијата ВМРО-ДПМНЕ. Сите актуелни потпретседатели ќе бидат предложени за членови на Извршниот комитет на утрешниот централен комитет на партијата“.
Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски во тв гостување.
Тој рече се очекува на утре на Централен комитет на партијата да се распише повик за избор на нов претседател на Унијата на ветерани, на Унијата на жени и Унијата на млади. Рече дека ова ќе биде дел од најавеното кадровско освежување
Тој дополни и дека во 2029 година партијата ќе има ново раководство, а тој нема повторно да се кандира за претседател.
Очекува во ИК да има 29 членови.