Девојче (2) почина додека спиеше во градинка

by irena 10:34
10:34

Двегодишно девојче почина во градинка во италијанскиот град Тиволи откако заспа и веќе никогаш не се разбуди.

Трагедијата, според италијанските медиуми, се случи за време на редовниот престој на децата во установата.

И покрај брзата реакција на вработените и службите за итни случаи, по пристигнувањето во болницата, лекарите можеле само да констатираат смрт.

Како што објави порталот RomaToday, една од воспитувачките отишла да го земе девојчето за да го предаде на нејзините родители, но потоа забележала дека детето не се буди.

Веднаш била повикана брза помош, која по пристигнувањето се обидела со реанимација, а потоа го транспортирала девојчето во Ургентниот центар на болницата „Сан Џовани Евангелиста“ во Тиволи.

И покрај сите напори на лекарите, детето не можело да се спаси.

За случајот било информирано обвинителството во Тиволи, кое наложило обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Истрагата е во тек, а засега нема официјални информации за можни здравствени проблеми или други околности што довеле до трагедијата.

Слични вести