(ВИДЕО) Трамп бурно реагираше на прашањето за Путин, па го понижи новинарот пред камери

by irena 08:23
08:23

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го нападна новинарот на „MS NOW“ за време на прес-конференција во Белата куќа, нарекувајќи го „глупав“ и обвинувајќи го дека работи за „лажна телевизија“, откако новинарот го праша за неговиот попустлив однос кон рускиот претседател Владимир Путин.

Новинарот го потсети Трамп дека во текот на изминатите 22 месеци, тој поставил низа рокови за рускиот претседател да прогласи прекин на огнот и директно да се сретне со Володимир Зеленски – барања што Москва ги игнорираше. Тој го праша Трамп кога ќе заврши таквото додворување кон Кремљ.

Видно изнервиран, Трамп избегна одговор и возврати со прашањето дали Путин води војна против САД.

Потоа ја нападна телевизиската куќа за која работи новинарот, го прекина и му даде збор на друг новинар, упатувајќи му навреда: „Каков будала си“.

Прашањето на Трамп – „Дали тој води војна против нас?“ – се однесуваше на конфликтот со Иран, но тврдењето на Москва дека не дејствува против американските сили е во директна спротивност со извештаите за случувањата на теренот.

Според извештаите на американските медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен и Асошиејтед прес, руските воени сателити редовно му доставувале на Техеран разузнавачки податоци за точните локации и движењата на американските сили, воените бродови и авиони.

Тие руски податоци им овозможија на иранските сили да извршат серија прецизни ракетни напади врз американските бази на Блискиот Исток, при што загинаа неколку американски војници, а десетици беа ранети.

Прашањето за попуштањето пред Путин ја допира самата суштина на надворешната политика на Трамп, која во последните месеци се сведува на префрлање на целиот притисок врз Киев.

Слични вести