ОЈО: Жената во гостиварско е убиена со огнено оружје – нови 48 часа притвор за осомничениот за убиството

by irena 10:50
10:50

Обдукцијата на починатата жена, чие тело беше пронајдено закопано во атар на село Неготино (гостиварско), е завршена и првичните наоди се дека таа е лишена од живот со огнено оружје, соопштија од Обвинителството.

По наредба на надлежен јавен обвинител, во тек е вештачење на трагите подигнати од повеќе локации, а се спроведуваат претреси и други истражни дејствија за целосно расветлување на случајот.

-Краткотрајниот притвор од 48 часа за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, додека јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување истата мерка и за второто лице кое претходно беше задржано во полициска станица – се вели во соопштението на ОЈО.

Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на теренот каде беше пронајдено тело на жената, закопано во дупка.

Поради сомнежи дека се работи за жена која претходно е пријавена за исчезната, беше наредена обдукција.

Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува и се преземаат сите законски мерки за целосно испитување на околностите под кои е сторено убиството.

Слични вести