(ВИДЕО) Беше период на Ковид, јас немав пари достоинствено да си го погребам детето, сега сакам да помогнам на сите тие кои го поминуваат истиот пат

by irena 20:52
20:52

Јулија Мациев, мајка на починатата Андријана во интервју за „Фокус“ детално ја сподели целата здравствена голгота, која нејзината ќерка ја поминала на скопската Клиника за Онкологија, каде што доктор и бил сега обвинетиот онколог Нино Васев.

Таа во детали го објасни целиот тек на лекувањето, тврдејќи дека младата Андријана починала од вештачки метастази на црниот дроб, кои биле создадени поради несоодветна терапија, а за што и потврдил лекар на Клиниката за гастроенхепатологија, откако со влошена здравствена состојба ја однела нејзината ќерка таму.

Вознемирената мајка во последните денови од смртта на нејзината ќерка побарала спас и од доктор во Градската болница „8 септември“, но нејзиното дете не го дочекала тој ден, починала.

„Тогаш беше период на Ковид, ние сме уметничка фамилија, тогаш немавме никаква работа. Јас не можев достоинствено да си ја погребам ќерката, немав пари. Па, професори од факулетот на внука ми Стефанија собраа пари. Точно е дека на суд ме прашаа дали барам оштета, јас реков да, не дека на мене ми требаат пари, туку ќе ги дадам или ќе отворам за донации за да им се помогне на сите тие на кои им треба, а кои ги поминуваат овие патишта. Знам како е, никој не е свесен за се што требаат пари, почнувајќи од бензин за да стигнеш до болница, храна, овошје…“раскажува низ солзи Јулија.

Целото видео можете да го погледнете во прилог:

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА

Слични вести