185
На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се избрани уште шест кандидати за градоначалници за претстојнитее локални избори, закажани за 19 октомври.
Ова се имињата за кандидатите за градоначалниците за уште шест општини:
- За скопската општина Кисела Вода, кандидатка за градоначалничка е Бети Стаменковска-Трајковска,
- За Општина Кочани, партијата ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Владко Грозданов,
- За Општина Старо Нагоричане, кандидат е Мирослав Славковски,
- За Општина Дојран – Илија Тентов,
- За Општина Долнени, кандидат е Сашко Велјановски,
- За Општина Ранковце е Даниел Павловски.
Како што соопшти Марија Митева, членка на Извршниот комитет на партијата, кандидатите се избрани во транспарентен процес, а сите убедливо воделе и на сите внатрепартиски анкети и анализи.