На прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки за како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, оти резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата.
Кажа дека ги финализирале кандидатите за најголем дел од општините, дефинирани се сите и до крајот на оваа и почетокот на следната недела и тие кои што останаа за другите општини ќе бидат соопштени.
Споменувајќи го примерот со Арсовска во Скопје, Филипче кажа дека таа беше поддржана од ВМРО ДПМНЕ, а понатаму во текот на мандатот се обидоа да се дистанцираат, но вели Филипче дека јасно е дека не им успеале диловите, па затоа и се скараа.
А тој со ветување до јавноста за нивните кандидати.
„Јас давам гаранција дека сите градоначалници на СДСМ ќе работат чесно и одговорно, со целосна поддршка и гаранција од мене и од партијата“, изјави Филипче
Тој изрази жалење изрази жалење што власта не успеа да обезбеди мнозинство за измените на Изборниот законик.
„ Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор“, нагласи Филипче.
Рече дека нивните кандидати во наредниот период ќе ги презентираат, специфичните програми, големи планови за развој на големите општини и микро планови за средување на малите проблеми во рамките на секоја од општините.
Претседателот на СДСМ најави дека партијата ќе води позитивна кампања.