157
Денеска ќе преовладува претежно сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури.
Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време