423
Највисока снежна покривка од 85 сантиметри, изутринава во седум часот е измерена во Маврово. Во Лазарополе се измерени 62, 61 во Пожаране, 43 во Ѓуриште, 41 во Крушево, 38 во Тетово, 31 во Берово, 30 во Демир Капија, 25 во Дебар и Тополчани, 22 во Скопје, 20 во Куманово.
Најмала снежна покривка има во Охрид, каде се измерени само два сантиметри снег.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено изутринава е во Маврово каде се измерени -6 степени, -4 се измерени во Лазарополе, Ѓуриште, Дебар, Пожаране и Крушево.