„8 Септември“, салата „Борис Трајковски“ и касарната „Илинден“ да станат ковид-центри, предлагаат АА и Алтернатива

by fokus

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива предлага Универзитетските клиники во Клиничкиот центар да бидат прогласени за „зелени зони“, каде ќе се лекуваат пациенти со разни болести кои негативно влијаат на општото здравје на населението, додека Градската болница „8 Септември“, спортската сала Борис Трајковски “ и касарната „Илинден“ да станат ковид-центри или „црвени зони“.

Исто така тие предлагаат секој граѓанин еднаш неделно да може да се тестира со брзи тестови за детектирање на корона вирусот, како и проширување на Комисијата за заразни болести со професионалци од областа на инфектологија, микробиологија и имунологија.

Тие повторно побараа одговорност од власта за необезбедувањето на на вакцини и, како што велат, неподготвеноста за третиот бран на вирусот.

Поврзани новости