416
32-годишен жител на Скопје со своето моторно возило прегазил осумгодшно дете од Сарај. Истото веднаш било пренесено во Клинички центар, велат од МВР.
„На 30.08.2018 година во 18.05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Сарај патничко моторно возило “Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.И.(32) од с.Љубин-скопско, удрило во дете-пешак на возраст од осум години од с.Сарај. По незгодата детето било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на настанот“, додаваат од Министерство за внатрешни работи.