Во однос на коморбидитети кај лица заразени со корона вирус, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 13.451 (28,7%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 9.407 лица имаат кардиоваскуларна болест, 3.489 дијабет, 1.762 се со хронична белодробна болест и 2.377 со други хронични болести, покажува анализата на Инситутот за јавно здравје. Од хоспитализираните случаи, кај 3.627 (57,9%) се присутни коморбидитети.
Досега во Македонија регистрирани се 1.949 смртни случаи (Лт = 2,9%).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.507) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 393,2/100.000 жители.
Регистрирани се 1.245 смртни случаи кај лица од машки и 704 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.329 (68,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.018), дијабет (n=470) и белодробна болест (n=213). Регистрирани се пет смртни случаи кај бремени жени и четиринаесет смртни случаи кај здравствени работници. Сто и десет (5,6%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 1.839 (94,4%) починале за време на хоспитализација.