Од корона вирус досега починале пет бремени жени и 14 здравствени работници

by fokus

Од случаите на корона вирус кои се епидемиолошки истражени (n=46.822; 68,5%), пријавени се 328 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 54 биле хоспитализирани во текот на болеста, покажува анализата на Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 95 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=46.822; 68,5%), регистрирани се 2.497 (5,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се пет смртни случаи кај бремени жени и четиринаесет смртни случаи кај здравствени работници.

Поврзани новости