Најчести симптоми на заразените во Македонија се покачена температура, малаксаност и кашлица

by fokus

Анализата на Институтот за јавно здравје покажува дека од досегашните случаи на корона вирус кои се епидемиолошки истражени 13,4% (n=6.265) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД КОзле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Оториноларингологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.370 лица, а од нив 496 се на кислородна поддршка и 19 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,1%), малаксаност (40,7%), кашлица (40,5%), ослабен осет за мирис и/или вкус (25,6%), главоболка (21,5%), мускулна болка (17%), болка во грло (15,3%), треска (13,7%) и отежнато дишење (10,2%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=46.822; 68,5%), кај 9.681 или 20,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Поврзани новости