66 жртви во последнава година: „Коце, врати ни ги улиците“

by Фокус 17:14
17:14

Група граѓани денеска одржа мирен протест на улицата Илинденска, каде пред неколку дена прегазен беше малиот Давид, под паролата „Коце, врати ни ги улиците“. Протестот продолжи во близина на канцеларијата на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, каде демонстрантите оставија тркало од велосипед со цвеќе да го потсетат градскиот татко на жртвите на скопските улиците во последнава година.

Граѓаните кои протестираа ги легнаа своите велосипеди и ја блокираа улицата. Протестот го почнаа со молк во чест на згаснатите животи на скопските улици.

- Advertisements -

-Овој марш е еден од попотресните, оти има 66 жртви во последните месеци во РМ. Бараме дговорност од оние кои се одговорни за инфраструктурата, и затоа сме тука кај Коце, кој се фали дека инвестира, но тој изгледа не се грижи за пешаците и велосипедистите, нема доволно тротоари. Бараме инфраструктура за сите нас, не само за моторните возила. Коце врати ни ги улиците, грижи се за сите граѓани, ако не можеш дај си оставка, оти се докажа дека си неподобен да бидеш татко на градот, рече активистот Огнен Јаневски.

Само во последнава недела на скопските улица имаше две жртви: малиот Давид кој беше прегазен на улицата Илинденска и 64 годишниот велосипедист кој утрово им подлегна на повредите откако вчера беше удрен од автомобил на булеварот Партизанска.

Фото: Фактор.мк

Поврзани новости