„Евта пуране иконе“ е насловот на новата песна на Тоше

by Фокус

Новата песна на македонската музичка легенда, Тоше Проески, која ќе биде промовирана на петти октомври е насловена „Евта пуране иконе“ и е на ромски јазик. Песната е авторска и не е некаква преработка. Ова ќе биде првпат да го слушнеме Тоше со своја песна на ромски јазик.

„Евта пуране иконе“ во превод значи седум стари икони, а нејзин автор е познатиот Емир Кустурица.

На петти октомври, датумот на кој Тоше Проески го одржа својот последен концерт, на плоштад Македонија по осми пат ќе се одржи настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на кој ќе биде промовирана новата песна на Тоше Проески. Фановите по подолго време ќе имаат можност да слушнат нова песна од нивниот миленик.

Фан клубот на Тоше Проески ги поканува сите оние кои ја сакаат музиката на најпознатиот македонски пејач да бидат дел од ѕвезденото небо за Тоше и да ја слушнат „Евта пуране иконе“.

Катерина Смилева

Поврзани новости