Град Скопје: Жртвите во сообраќајот се резултат на невнимателните возачи

by Фокус 18:09
18:09

-Невкусна политичка игра е денешниот протест насловен како „Коце врати ни ги улиците“. Неразбирлива е потребата од грубо лажење на јавноста дека за сообраќаните незгоди е одговорен градоначалникот. Неколкуте сообраќајни несреќи кои организаторите на оваа група ги посочуваат како причина за денешниот протест се случија поради невнимание на лицата кои управувале со моторни возила, а не поради недостаток на сообраќајната инфраструктура или сигнализација, реагираат од Град Скопје на денешниот протест за жртвите во сообраќајот.

Според Град Скопје, последните две сообраќајни незгоди каде животот го загубија велосипедисти, се случија на обележани пешачки премин за велосипедисти со црвена боја, а ова било и случај со најголемиот број на вакви трагични настани, што било и констатирано со анализите на Министерството за внатрешни работи.

- Advertising -

-Најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на градот Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, управувањето на возила под дејство на алкохол, како и управување на возила без поседување на возачка дозвола. Апелираме ваквите трагичните настани да не се злоупотребуваат за нечија себепромоција и дневни политички игри, стои во соопштението на Град Скопје.

Поврзани новости