Од роденден на распит

by fokus

Повикот да се појави во СЈО денес и да сведочи, не и го расипа роденденското расположение на Силвана Бонева, член на Државната изборна комисија од ВМРО ДПМНЕ. Струмичанката вчера им се заблагодари на сите кои што и го честитаа роденденот преку социјалните мрежи и сподели фотографии на кои што ги дува роденденските свеќички на тортата по повод нејзиниот педесет и седми роденден.

boneva4

Инаку, не е познато за кој случај треба да сведочи Бонева во Специјалното јавно обвинителство, а чии што разговори со Никола Груевски, од времето кога таа беше пратеничка и кандидат за градоначалник на Струмица беа објавени во бомбите.

Освен по своите политички ангажмани, Силвана е актуелна во јавноста и со своите модни комбинации, поради кои што многумина ја нарекуваат македонска Џеки Кенеди. Сличните костуми, наочари, застапеноста на розевата боја во гардероберот, марамите и траки за коса со сличен дезен, цветните ретро фустани и капути со речиси идентичен крој и боја, се она што ги предизвика коментарите дека Бонева го обожава модниот стил на некогашната прва дама на САД. Сепак, таа одби да одговори на нашето прашање дали и годат споредбите со легендарната Џеки.

Вики Клинчарова

Поврзани новости