Барок и за ТЦЦ Плаза и за зградите околу плоштадот ВМРО

by fokus 12:03
12:03

Град Скопје донел одлука за поставување на барокни фасади на осум згради кои се наоѓаат во околината на плоштадот ВМРО и седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу овие осум згради се хотелот ТЦЦ „Плаза“, зградата на Лотарија на Македонија, како и зградата на Технометал.

Основните проекти за сите осум згради во рок од шест месеци ќе треба да ги изработи најангажираниот и најплатен автор во проектот „Скопје 2014“, Жарко Чаушевски, за што ќе добие 70.000 евра. Потоа ќе биде ангажирана и неговата архитектонска куќа „Архитектоника“.

Поврзани новости