790
Од почетокот на пандемијата во САД од корона вирус починале повеќе од 600.000 лица, објави денеска Универзитетот Џон Хопкинс.
Универзитетот, што секојдневно известува за бројот на заразени и умрени од корона вирус, соопшти дека „мрачните податоци“ покажуваат дека неколку стотици Американци, и покрај вакцинацијата, продолжуваат да умираат од вирусот.
САД се земјата со најголем број смртни случаи од корона вирусот во светот, пред Бразил и Индија.