Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) денеска објави анкета во која 52 отсто од испитаниците одговориле дека актуелниот премиер Никола Груевски со неговата досегашна работа не заслужил да биде реизбран на позицијата. 35 отсто на ова прашање одговориле позитивно.
Што се однесува до подготвеноста на политичките лидери да го спроведат Договорот од Пржино, 33 отсто од македониските граѓани сметаат дека тој ќе биде спроведен, споредено со 24 отсто кои сметаат дека тој нема целосно да биде спроведен.
33 отсто од испитаниците сметаат дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе може независно и без опструкции да ги истражи случаите поврзасни со прислушувањето, а 28 отсто сметаат дека таа ќе биде изложена на опструкции.
Анкетата е спроведена од 29 септември до 5 октомври годинава на репрезентативен примерок од 1. 106 испитаници над 18 години.