Шилегов: Власта сака да скрие дека стои зад Конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот догово

by Фокус

Петре Шилегов од СДСМ денеска на пресконференција обелодени документ на кој, според него, се гледа дека е со архивски печат од Владата и потпишан од вицепремиерот Муса Џафери со кој е договорено Владата и Европскиот институт за мир да одржат Конференција за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор на 1 декември во Скопје.

-Груевски се обиде да сокрие дека Власта стои зад Конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор, што треба да се одржи на 1 декември во Скопје. Потпишан е вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, во име на Владата. Сега Никола Груевски мора да излезе и да им објасни на граѓаните на Македонија која е причината за Конференцијата, изјави Шилегов.

Како што рече Шилегов, Груевски измислува приказни за федерализација на Македонија, за да скрие дека Владата стои зад оваа Конференција.

Поврзани новости