376
Четириесет крави, десет телиња, трактор, огревно дрво и друга земјоделска механизација изгореле во три објекти синоќа во селото Старо Коњарево, општина Ново Село.
Командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев, информира дека во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила од Струмица и Ново Село со десетина пожарникари.
Пожарот избувнал доцна попладнето и е локализиран на полноќ, а пожарникарите не дозволиле да се прошири кон соседните куќи и објекти.
Во текот на ноќта пожарникари останале на местото на пожарот за да не дојде до повторно разгорување на огнот поради големите количини сено во објектите кои се во близина на изгорените објекти.
Увидни екипи ги испитуваат причините за пожарот.