МВР се пофали со реконструирани тоалети

by fokus

Министерството за внатрешни работи минатата година со фотографии од реконструирани тоалети, соби за спиење и сали за тренинг се пофали дека изминатиов период интензивно се работело на санација на полициски објекти, а со тоа, велат од таму, и на подобрување  на условите за работа на вработените.

Од таму велат дека е направена реконструкција на ресурсите за работа во следниве објекти и тоа: Управните служби во Куманово, Полициското одделение во Јегуновце, Полициската станица во Ѓорче Петров, Железничкот граничен премин во Гевгелија и Полициската станица од општа надележност во Струга.

„Со несмален интензитет и годинава  продолжуваме со реализација на зацртаните градежни активности за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи. По пат на отвoрена постапка  со критериум за доделување на договор најниска цена  склучен е  договорот за јавна набавка “Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“. По склучување на договорот веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи ширум земјава и тоа во: СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје“, информираат од МВР.

Поврзани новости