599
495.258 илјада гласачи се спорни и треба да подлежат на дополнителна проверка, што е резултат од вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и останатите институции, дознава НОВА.
Над 190.000 илјади се евидентирани како фиктивни гласачи, кои ги има во базата на податоци во МВР, но не се појавуваат во базите на останатите институции.
Членовите на Државната изборна комисија на вчерашната седница не го усвоија извештајот со резултатите од вкрстената проверка на податоците во базите на МВР со оние на 10 други институции.