ЛДП: Иванов да се изјасни дали би аболицирал осомничени за тежок криминал

by Фокус

Со вчерашната скандалозна одлука на Уставниот Суд, со кој се укинува Законот за помилување од 2009-та година, судот се стави во директна служба на осомничените високи функционери на ВМРО ДПМНЕ. Целта е повеќе од јасна – злосторничко здружување со цел останување на власт на една партија, реагираа од ЛДП. Тие го повикаа јавно претседателот Иванов да се изјасни дали е спремен да го искористи правото на аболиција и да ги помилува осомничените за најтешките форми на криминал.

Од ЛДП сметаат дека Иванов како поранешен професор на Правниот Факултет треба да одлучи: Дали ќе биде директниот и последен соучесник во рушењето на правниот и уставниот поредок на Македонија или ќе постапи по логиката на правото и правдата? ЛДП го повикува јавно да се изјасни дали е спремен да го искористи правото на аболиција и да ги помилува осомничените за најтешките форми на криминал? Дали е спремен дефинитивно да ја завземе својата улога на џелат на државата и нејзината иднина?

– Експресната одлука, непозната во уставното право и функционирањето на уставниот суд е резултат на независната и професионална работа на Специјалното Јавно Обвинителство. Овие формални полуги на судскиот систем, а фактички извршители на злосторничкото здружување ја завршија својата работа. Следен на ред е формалниот претседател Ѓорѓи Иванов, чиј легитимитет е подеднакво спорен, како и оној на партиите на власт – вели Филип Јаневиќ

Поврзани новости