Николовски: Нема крај на скандалите поврзани со Апашот

by Фокус

Виолета Димитриева, сопруга на градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев – Апашот, иако е избришана од Централен регистар и како управител и како сопственик на компанијата Корал, и понатаму склучува договори и потпишува во име на фирмата за исплата на субвенции, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски.

– Ова е договорот за уште една цесија потпишана од министерот Димовски повторно без печат, само со потпис од сопругата Димитриева. Можете јасно да видите дека исто така нема печат. Иако Виолета повеќе од една година не е ништо во фирмата, нејзиниот потпис очигледно е многу важен, потпишува фактури и налози. Но, за сето ова време, најважен од сите е градоначалникот на Демир Капија и него никој ништо не му можел во изминативе 10 години од владеењето на Груевски. Објавуваме скандалозен доказ за судир на интереси со што овој локален моќник 5 години истовремено е градоначалник и управител на „БАРОВО“ уште една компанија поврзана со агробизнис во сопственост на фамилијата Димитриеви – посочи Николовски.

Поврзани новости