531
Верификационата комисија на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека од 544 делегати, присутни се 411.
Со ова е исполнет условот за одржување на Конгресот според партискиот Статут, е тоа е да се присутни две третини од вкупниот број делегати.
За претседател на Работното претседателство на Конгресот со еден глас против беше избран Коце Трајановски, а меѓу членовите се и Елизабета Канчевска Милеска и Даниела Рангелова.