400 летови откажани, започна најголемиот штрајк во историјата на „Рајанер“

by fokus 08:53
08:53

Пилотите на најголемиот европски нускобуџетен авионски превозник Рајанер почнаа денеска најголем штрајк во историјата на компанијата.

Речиси 400 летови на Рајанер се откажани.

- Advertisements -

Штрајкот би требало да трае 24 часа. Во штрајкот учествуваат пилоти на таа компанија од Ирска, Германија, Белгија, Шведска и Холандија.

Со прекинот на работата се погодени 55 илјади патници, најмногу во Германија, 42 илјади. Пилотите бараат нови договори со поголема плата и подобри работни услови.

Поврзани новости