Сончево време со слаб јужен ветер, со температура до 36 степени

by fokus

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната температура до 34 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала доумерена локална облачност.

Поврзани новости