757
Во однос на локалот кој немал лиценца за дејност, ние отворено и транспарентно кажавме за тоа, иако не беше наша надлежност. Тоа е одлука на инспекторатите. Сопствениците ќе одговараат согласно законите, вели министерот за економија, Крешник Бектеши околу ноќниот клуб „Привилиџ“.
“Го известивме МВР дека локалот дека не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат. Сакам да ги повикам сите институции да го направат тоа. Утврдено е што значи ноќен клуб, што е кабаре, а што кафуле. Си има различни лиценци“, појасни министерот.
Бектеши тврди дека Државниот пазарен инспекторат ги презел сите мерки.
– И управителот и сопствениците ќе одговараат согласно законските одредби, потенцира Бектеши.