Констракта доаѓа во Дојран!

by Fokus

Кантавторката Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, која е српска претставничка на Евровизија 2022, доаѓа во Дојран.

Таа ќе има настап во склоп на популарниот Д Фестивал, кој ќе се одржи од први до трети јули. Организаторите веќе го најавија нејзиното гостување кое ќе се случи на Главната бина на фестивалот.

-Во моментов најбараното музичко име во регионот, уметницата која донесе автентичност и освежување на популарната музичка сцена, го потврди својот премиерен и единствен настап кај нас, ова лето на Главната бина на Д Фестивал – информираат од таму.

Инаку, Констракта и нејзината евровизиска песна ,,In Corpore Sano” моментално се наоѓа на 15-то место во обложувалниците, а котирањето може да се следи на страницата на Eurovision world.

Вики Клинчарова

Поврзани новости