Уапсен адвокатот Владо Пешликовски

by Фокус 14:25
14:25

Полицијата го уапси адвокатот Владо Пешликовски. Тој бил баран за издржување затворска казна од две години, со пресуда во рамките на случајот Агент, заедно со екс началникот на ДБК, Слободан Богоевски, објави Плусинфо.

Судскиот процес за случајот „Агент“ траеше два месеца, а шестмината обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми-ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и на словенечки „Меркатор“ переле пари.

Обвинетите, покрај казната затвор, треба да платат отштета околу 950.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со злоупотреба на службената положба и со перење пари.

На почетокот од февруари годинава, Апелацискиот суд ја потврди првостепнета пресуда за обвинетите.

 

Фото: Од судскиот процес против Агим Красниќи, чиј адвокат беше Пешликовски

Поврзани новости