Повредени четири момчиња, откако со автомобилот се забиле во карпа

by fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава, околу 9 часот, на автопатот Скопје-Тетово, кога автомобил изгубил контрола и удрил во карпа. Во несреќата се повредени возачот и тројца патници на возраст од 22 до 27 години.

-И.Р.(22) од Скопје управувајќи возило „Форд Ескорт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа, по што возилото се превртело на десната страна. Во незгодата со повреди се здобиле возачот и тројца сопатници на возраст од 22, 24 и 27 години, кои биле префрлени во болница во Тетово. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости