319 загинати во земјотресот во Индонезија

by fokus

Бројот на загинати во силниот земјотрес што во неделата го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 319, соопштија денеска локалните власти.

Се претпоставува дека бројот на загинати луѓе ќе биде поголем бидејќи службите за вонредни ситуации и понатаму ги расчистуваат урнатините. Поради земјотресот 156.000 лица се раселени поради големите оштетувања на нивните домови.

Земјотресот со интензитет од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди Ломбок во неделата вечер, една недела по првиот земјотрес со интензитет од 5,9 степени во кој загинаа најмалку 17 лица.

Ломбок денеска беше погоден и трет земјотрес со интензитет 6,2 степени предизвикуквајќи вознемиреност и оштетувања на градежните објекти.

Индонезија лежи на така наречениот пацифички огнен прстен поради што се чести земјотресите. Во 2004 година цунами предизвикано од земјотрес во Индискиот Океан загинаа 226.000 луѓе во 13 држави, од кои 120.000 во Индонезија.

Поврзани новости