„Виталиа“: Соините презли и шницли се од најреномираната компанија за соја во регионот

by fokus

Продуктите на „Виталиа“ се произведени согласно високите европски стандарди и европските регулативи за квалитет и како такви се извезуваат во 55 земји ширум светот, велат од компанијата откако Агенцијата за храна и ветеринарство објави дека во соја на „Виталија“ се пронајдени генетски модифицирани организми.

„Соините презли и шницли потекнуваат од најреномираната компанија за производство на соја во регионот „Соја Протеин“ која е најголема фабрика за обработка на соја во Србија со капацитет од 250.000 тони годишно. Таа е една од најважните процесори на Нон ГМО соја во Европа. Во исто време таа е една од ретките компании кои обработуваат исклучиво генетски немодифицирана соја со строго контролирано потекло и квалитет“, велат од „Виталиа“.

Производите, додаваат од таму, се увезуваат во Македонија веќе 20 години.

„Во тек е супер анализата која ќе утврди дали има одстапување од македонската регулатива које е во процес на хармонизација со онаа на ЕУ“, посочуваат од компанијата.

Поврзани новости