523
Пишана наредба да ги вратат итно парите што ги примале починати лица како социјална помош ќе добијат 134 нивни роднини на кои ќе им бидат блокирани трансакциските сметки се додека не ги вратат парите, објави ПлусИнфо.
МВР и ДИК веќе добиле известување од Министерството за труд и социјална политика за фантомите и започнале истрага.
Министерката за труд Фросина Ременски вчера на прес конференција откри дека 134 починати лица две години примале социјална помош за што од Буџетот на Македонија се потрошени 1.818.996 денари или близу 30.000 евра. Досега откриените случаи се од Тетово и Тетовско.