СП: Исто лице регистрирало две здуженија со име „Студентски пленум“

by fokus

Студентскиот пленум испрати документи со кои предупредува дека непознати лица регистрирале две здруженија со името Студентски Пленум. Имено, едното е регистрирано како Здружение Студентски Пленум, додека другото е Здружение за заштита и одбрана на студентските права – Студентски Пленум – Скопје.

-Како претседател се јавува истото лице со различни потписи на двете здруженија. Како што напоменавме пред некој ден, ние се оградуваме од ова, бидејќи ставот е дека Студентскиот Пленум е иницијатива, движење, кое од наша страна не е регистрирано и никогаш немаше намера да се регистрира. Ова е злоупотреба и манипулација од страна на овие лица, велат од Студентскиот пленум.

thumbnail_prvo_zdruzenie_odluka thumbnail_vtoro_zdruzenie-odluka

Поврзани новости