Утре ќе се знае дали уште некоја фирма блиска до владини функционери се протнала меѓу 80-те компании кои добија грантови од Фондот за иновации, објави Телевизија 24. Завршува рокот од 15 дена во кој сите фирми требаше да достават изјава дали во нивната сопственичката структура има функционери или нивни блиски роднини.
По скандалот кој предизвика бура од реакции во јавноста, фирмите Кастинвест и Гинис кои се во партнерски релации со вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец, се откажаа од грантовите тешки по 160.000 евра. Но снаата на Цветанка Ласкова советничката за култура на Премиерот Заев, која доби 330.000 евра за проект под називот „Декодирај ме“ не се откажала.
„На почетокот на следната недела ќе излеземе со прецизна бројка колку од тие 77 компании доставиле, и колку од нив во самите пријави потврдиле дека има во својата сопственичка структура носител на една функција или негово потесно семејство. Јас како директор ќе побарам од комитетот за одобрување на инвестиции повторно да се разгледа“, вели Јован Деспотовски – директор на Фонд за иновации, за Телевизија 24.