ВМРО-ДПМНЕ: И ГРЕКО потврди дека Македонија е дувло на криминал и корупција

by fokus

Македонија е претворена во дувло на криминалот и корупцијата, а тоа доби потврда и од ГРЕКО, групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа. Република Македонија никогаш, баш никогаш, во скоро 20-годишната историја откако е член на ГРЕКО нема добиено негативен извештај, рече портпаролто на ВМРО–ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес конференција.

-Република Македонија никогаш не била оценета со незадоволителна оценка од страна на Советот на Европа во однос на борбата против корупцијата. Тоа докажува дека, ако во секоја држава има мафија, тука, со доаѓањето на власт на СДСМ, мафијата си доби своја држава.

Прв пат, откако криминалниот картел ја запоседна власта во Република Македонија добиваме вака катастрофален извештај кој покажува дека приоритет на кабинетот на Премиерот Зоран Заев е личното богатење преку брутален грабеж на народот и државата. Ова е уште еден доказ дека расипништвото е основно обележје на оваа влада, а државните ресурси служат само за задоволување на хедонистичките потреби на функционерите и нивните семејства обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости