25 отсто излезноста во Струга до 17 часот

by fokus 18:39
18:39

Првиот круг од претседателските избори во општините Струга, Вевчани и Ресен, досега тече мирно во фер и демократска атмосфера, оценија претседателите на општинските изборни комисии.

Излезеноста до 17 часот во општина Струга, според претседателот на ОИК Бледар Зиба, е 24,7 проценти.

- Advertisements -

– Вкупно 14.933 лица го остварија правото на глас во 101 избирачко место во општина Струга. Изборниот процес тече мирно, без никакви нарушувања, изјави Зиба за МИА.

Во 50-те избирачки места во Преспанскиот регион до 17 часот, како што истакна претседателот на ОИК Кирил Тански, гласале 5.447 лица или 32,7 проценти од 16.649 регистрирани гласачи во Избирачкиот список.

Излезеноста во општина Вевчани е 51 отсто од регистрираните 2.048 гласачи, односно 1.045 лица го оствариле правото на глас до 17 часот, истакна претседателката на ОИК Параскева Кукоска.

Поврзани новости