Приведен гласач зашто го фотографирал гласачкото ливче

by Фокус

Полицијата привела едно лице во гласачко место во кумановското село Тромеѓа кое го фотографирало гласачкото ливче, информираат од Општинската изборна комисија Куманово. Како што додаваат оттаму, за случајот во тек е подготовка на записник.

Случајот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи, од каде информираат дека настанот се случило во 16:49 часот, кога лицето со иницијали М.Д., на избирачкото место 1080 во село Тромеѓа со мобилен телефон го сликало гласачкото ливче, по што бил приведен во СВР Куманово.

Поврзани новости