506
25-годишната српска манекенка и водителка Марија Ќурчиќ изврши самоубиство во својот стан, на Савски венец во Белград.
Како што пишуваат српските медиумите, безживотното тело на Ќурчиќ утринава било пронајдено обесено во станот.
Марија беше водителка на локалниот MTV канал, модел и заштитно лице на повеќе белградски клубови, а беше дел и од повеќе спотови и реклами. Родена е во Белград во 1993 година, а по својата мајка влече потекло од Конго. Татко и е Србин.