525
Во новооткриена древноегипетска гробница во местото Сакари, јужно од Каиро, е пронајдена мумија на мачка стара 4.000 години.
Месноста е остаток од градот Мемфис кој 2000 години бил престолнина на Египет. Во неодамна откриената гробница пронајдени се седум саркофази од времето на владетелот Усеркаф, а во три од нив има мумифицирани мачки.
Локалните експерти истакнуваат дека ваквите археолошки наоди во египтологијата се ретки.
Старите Египќани ги сметале мачките за свети животни, па така, во гробницата има и бронзена статуа од мачка.