1.2K
Уште два нови случаи на корона вирус се регистрирани во последните 24 часа во Велес, со што бројката на заболени се искачи на 36.
Според ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, новите позитивни лица се маж на 62-годишна возраст и жена на 53-годишна возраст.
-Се работи за маж на 62-годишна возраст кој е веќе хоспитализиран во Инфективното одделение при општата болница во Велес, и жена на 53-годишна возраст, потврдена од лабораторијата во Авицена. Со тоа, до денес вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид – 19 во градот изнесува 36 лица. Излекувани се две лица, три лица се починати, а 31 случаеви се активни, информираат од центарот.
В.К.