Само во текот на претходната 2014 година 234 Македонци добиле државјанство за престој во Бугарија, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Споредено со годините наназад, се забележува значително намалување на бројот на државјанства кои Бугарија им ги доделува на Македонците. Најголемиот отскок е направен меѓу 2009 и 2010 година, кога дури речиси за 90% се намалува бројот на доделени пасоши од Бугарија за Македонците.
Така, во 2009 година биле доделени вкупно 4.406 државјанства на Македонци, додека во 2010 Бугарија доделила само 444 државјанства на наши граѓани. Во 2011 година пак, вкупно 266 лица добиле државјанство од Бугарија, а во 2012 оваа бројка изнесувала 277.
Инаку, Бугарското министерство за правда минатата година објави дека од 2001 година до почетокот на 2014 околу 51.000 македонски државјанин добиле бугарско државјанство.