23-годишна девојка изгубила контрола над возилото, удрила во дрво, па во бетонска ограда, по што се превртела

by fokus

Тешка сообраќајка се случила синоќа на полноќ на регионалниот пат Штип-Карбинци, во село Стар Караорман кога патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистерски таблици управувано од К.Д. (23) од село Стар Караорман излеталo надвор од коловозот и удрилo во дрво, а потоа во бетонска ограда и се превртелo.

„По незгодата К.Д. со возило на Итна медицинска помош со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости